Во Уметничката галерија во Куманово вечерва ќе биде отворена изложбата „(ДЕ)кодиран Бит“ од уметницата Мартина Цветановска-Мартиновска, со почеток во 19.30 часот. Рецензија за изложбата напиша Драгана Спасковска, историчар на уметноста. – „(Де)кодиран бит“ е насловот на изложбата, која во својата продукција идејно и ретроспективно го синтетизира дваесетипетгодишното ликовно творештво на академската уметница Марина Цветановска-Мартиновска. Доволен повод да се направи еден пресек, да се одбележи јубилејот и да се сумираат ликовните достигнувања на зрел и афирмиран…
Види повеќеДневник
Јаневска: Ќе продолжиме да го развиваме концептот на дуално образование заедно со бизнис заедницата
„Слабите резултати поврзани со читање со разбирање и математичка писменост кои ги покажуваат нашите ученици на меѓународните тестирања како ПИСА и ТИМСС се причина за крупните промени кои ги започнавме пред година и половина и ќе истраеме додека значително не го подобриме образовниот систем. Фокусирани сме на оптимизација на училишната мрежа и подобрување на инфраструктурните услови, но и на воведување на едносменска настава и продолжен престој, затоа што нашите деца до 15 годишна возраст поминуваат…
Види повеќеМВР: За четири дена околу две илјади и петстотини сообраќајни прекршоци
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 24 до 27 ноември како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.450 издадени платни налози, 454 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, соопшти МВР. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 15 лица, од кои…
Види повеќеВрснички едукации за болестите на зависностите
Во рамките на месецот на борба против болести од зависности кој оваа година се одбележува под мотото ,,Информирај се и донеси одлука” се одржаа врснички едукации за болести на зависности на ученици од СОУ Гимназија ,,Гоце Делчев” – Куманово и на волонтерите од Клубот на млади – Куманово. Едукациите беа спроведени од едукаторите Теодора Николовска и Тамара Бошковска, со цел да ги подигнат знаењата и свеста кај учениците за штетното влијание на различните форми на…
Види повеќеВИДЕО: Бесплатен јавен превоз и во декември
Шест ипол милиони денари ќе бидат одвоени од општинскиот буџет за субвенционирање на линискиот превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово во декември. Одлуката е донесена на вчерашната седница на Советот. Советниците дадоа зелено светло и на предлог – одлуката за субвенционирање на линиски превоз на патници за претходно утврдени линии помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане. За оваа субвенција до крајот на 2025 година, општината ќе одвои 650.000 денари. „Мерката субвенционирање на…
Види повеќеЌе се изработува Стратегија за вработување во општината
Во просториите на Општина Куманово се одржа четвртата работна средба на Локален економско – социјален совет на која се дискутираше за тековните иницијативи за локален економски развој, информираат надлежните. Според соопштението испратено до медиумите, во рамките на новоформираната комисија за локален економски совет за претставник на здружението на работодавачите е избрана Бисера Серафимовска. На средбата биле донесени заклучоци и предвидени понатамошни активности. „Преку Одделението за ЛЕР при Општина Куманово во партнерство со ЛЕСС ќе се работи на изработка на Стратегија за вработување во општината. Се спроведе иницијативата за давање приоритет на домашни компании, преку искористување на постојните индустриски зони или формирање на нови зони. Детално ќе бидат анализирани можностите за гасификација и состојбата…
Види повеќеКазна од 45 евра за возилата без зимска опрема
Казна од 45 евра ќе плати возачот доколку неговото возило нема зимска опрема. Обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата започна од 15 ноември и ќе трае до 15 март следната година. За да се избегнете сообраќајни казни и прекршоци, потребно е да го усогласите вашето возило со пропишаните барања: возила до 3.500 кг – потребни се зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од минимум 4 мм, или летни гуми…
Види повеќеСистина Офталмологија Куманово – педесет проценти попуст на прегледот кај спец.д-р Маја Иванова Цеков
Систина Офталмологија Куманово – 50% попуст на субспецијалистички офталмолошки преглед кај д-р. Маја Иванова Цеков спец. офталмолог и хирург. Редовна цена: 1900 денари. Промо цена: 950 денари. Закажете преглед на 072 809 800. Термините се ограничени. Акцијата важи секој понеделник до крајот на годината.
Види повеќеЈП „Чистота и зеленило“ ќе ги расчистува дивите депонии во кумановско
Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во наредниот период ќе ги расчисти сите диви депонии создадени од несовесни граѓани. Акцијата за отстранување на несоодветно депониран отпад на дваесетина локации во кумановско започна утрово со расчитување на мини депонијата во близина на т.н Искрин мост. „Апел до граѓаните да се воздржат од фрлање на отпад на секоја локација. Мора да ја подобриме соработката со комунална инспекција, секаде каде што ќе се констатира фрлање на отпад мора да…
Види повеќеДеветоодделенци се едуцираат за штетното влијание на е-цигарите
Д-р Александра Христова, педијатар и неонатолог денеска пред деветоодделенци одржа стручна презентација на тема: „Popcorn“ бели дробови – сериозно оштетување на респираторниот систем предизвикано од употреба на електронски цигари. „Денес Општа Болница Куманово со задоволство се приклучи кон одбележувањето на Светскиот ден на детето преку едукативна презентација посветена на штетното влијание на електронските цигари врз здравјето на младите. Наш претставник и предавач беше д-р Александра Христова, педијатар и неонатолог, која одржа стручна презентација на тема:…
Види повеќе









