Студенти со урбанистички визии за Куманово

Студенти на Архитектонскиот факултет во Скопје денеска ги презентираа своите идеи и проекти за урбанистички развој на Куманово во наредниот десетгодишен период. Оваа задача студентите ја добиле по предметот Урбанистичко обликување, а преку своите 12 трудови се обиделе да го стават Куманово во мапата на културни , спортски , зелени градови, престолнина на млади, град за креативната класа.
– Тој има неколку карактеристики кои одговараат на креативната класа ,  тука е локацијата блиску до Скопје ,…

Read More

Училиштето „Христијан Карпош“ го прослави патронатот

Основното училиште Христијан Тодоровски Карпош во населбата Перо Чичо, денеска одбележа педесет и  осум години постоење. Присутните имаа можност да проследат богата културно уметничка програма, која ја подготвиле учениците заедно со наставниците. Директорката, Лидија Костиќ истакна дека се горди што нивното училиште го носи името на козјачкиот херој.
-Горди сме што секоја година пригодно одбележуваме оваа година приредбата е под мото Детскиот свет каде што нашите ученици под менторство на наставниците подготвија убава програма, за прв…

Read More

„Македониум“: Да не се распродаваат македонските национални интереси

Политичките партии не може да ги распродаваат македонските национални интереси, смета Семакедонскиот национален совет Македониум, кој неодамна беше формиран од Македонци од државата но и дијаспората, воглавно луѓе кои се залагаат за македонското прашање. За претседател е избран Страшко Олумчев, а  членови се и Нестор Огинар, Ристо Поповски, Ангелина Маркус и многу други.
-Недозволиво е албанскиот политички фактор во Македонија да оди на консултации во Тирана да се враќа во Македонија со веќе однапред донесена платформа,…

Read More

Можност за креативно изразување на младите преку „Воис ап“

Младите од градот викендов имаа можност да се запознаат со моќта на социјалните мрежи, како и алатките за промоција на идеи преточени во аудио, визуелни и аудио визуелни содржини, во рамки на проектот  „Воис ап“ односно Дај глас. На еднодневната средба која се одржа во просториите на универзитетот Еуро колеџ, тие имаа можност да следат еден вид предавање од еминентни професори по видео и аудио содржини, фотографија и графички дизајн.
-Во основа она на што сите…

Read More

Одбележани 145 години од раѓањето на Гоце Делчев

Во гимназијата Гоце Делчев денеска беа одбележани 145 години од раѓањето на херојот Гоце Делчев.  Пред бистата на Делчев во дворот на гимназијата цвеќе положија вработени во училиштето, делегации од општината, Советот, политичките партии, Сојузот на борци, Друштвото на писатели и слично.
-Денеска сме собрани да го одбележиме 4-ти февруари тоа е 145 години од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев кој е воедно и патрон на нашето училиште. Прославата на овој ден е традиционална…

Read More

ОК ВМРО ДПМНЕ: Општината не се грижи за учениците

-Деновиве сме сведоци дека на една голема грешка, нестручност и неодговорност на општината Куманово. Имено, најголемата општина се најде во ситуација да нема набавено нафта за основните училишта, при што децата не беа во можност  да посетуваат настава неколку дена.  Одговорна општина не смее да дозволи договорот  за набавка да истече, а во меѓувреме  да не го продолжи  со нов и на крај децата на минусните температури да слушаат часови  во не затоплени простории.
Загрижени родители…

Read More

„Кумановски акцијаши“ со благодарници за СДСМ и Костовски

Здружението Кумановски акцијаши денеска додели благодарници на СДСМ, како политичка партија и претседателот Мартин Костовски, за успешната соработка минатата година. Претседателот на здружението, Јусуф Љатифи истакна дека нивната поддршка била значајна во акциите кои што ги спровеле.
-Да искажаме благодарност за ангажманот на СДСМ во развојот на областа заштита и унапредување на животната средина. Активности кои тие минатата година ги направија со проектот Моето маало. Воедно сакавме да изразиме благодарност за поддршката на Мартин Костовски кој…

Read More

Пчеларите организираа предавање

Пчеларското здружение Пчела синоќа организираше предавање на тема Пчеларството како занимање и начинот на одгледување кошници. Пред присутните зборуваше магистерот по биотехнички науки, Лев Плужников од Република Србија. Тој го сподели своето знаење, искуството, но и успешноста со пчеларството во неговата држава. Додаде дека селењето на пчелите е значаен процес во ова занимање.
-Би требало и младите пчелари тоа да го прифатат да предизвикаме интерес кај општеството, кое ќе помогне со субвенции но во секој случај…

Read More

Обезбедена нафта за училиштата

Учениците од четирите основни училишта кои што вчера останаа со студени простории утрово се вратија во училишните клупи. Во текот на вчерашниот ден набавена е нафта за затоплување на училиштата за два дена, а денеска се работи на обезбедување на дополнителни количини , информираат надлежните.
– Го надминавме тој проблем во попладневните часови меѓутоа сега се бориме за понеделник и вторник како да обезбедиме за уште тие два дена кои се клучни до отпочнување на испорака…

Read More

Неколку училишта без парно греење

Четири основни училишта кои користат нафта како суровина за греење денеска останаа со студени  училници, откако залихите со нафта се потрошија. Станува збор за училиштата Вук Караџиќ, Христијан Тодоровски Карпош во населбата Перо Чичо, Бајрам Шабани и Наим Фрашери. Утрово учениците после првиот час беа пуштени дома, а истото се случи и со втората смена.
Од секторот за образование во општина Куманово информираат дека прават натчовечки напори да обезбедат нафта за затоплување на училниците. После…

Read More
1 830 831 832 833 834 921