Можни субвенции за јавен превоз за пензионерите

Можни субвенции за јавен превоз за пензионерите

Постои можност пензионерите во Куманово да добијат субвенции за градски превоз. Ова прашање на последната седница на Советот, го наметна советникот Миле Андоновски, по што градоначалникот Максим Димитриевски одговори дека дава поддршка на идејата, но треба да се направи преглед на бројот на пензионери, како и на финансиските средства кои што би биле потребни.

-За линискиот превоз јас поддржувам една ваква иницијатива и идеа да се излезе во пресред на наши сограѓани, пензионери, и…

Read More

Голем интерес за образовен и детски додаток

Голем интерес за образовен и детски додаток

Со новиот
закон за социјална заштита обезбеден е полесен пристап до правата на корисниците,
сериозно е зголемен износот на паричниот надомест за семејствата кои што се
наоѓаат во социјален ризик и го добиваат од страна на државата, а социјалната
парична помош сега, за разлика од порано се нарекува загарантиран минимален
приход, информира директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи,
Александра Арсовска.

-Како
компарација би сакала да истакнам дека согласно стариот закон ако направиме
една анализа, најголемиот број на корисници беа со 50 проценти…

Read More

Ротаракт клуб Куманово со хуманитарна забава

Ротаракт клуб Куманово со хуманитарна забава

Ротаракт клуб Куманово денеска организираше хуманитарна
забава во соработка со дневниот центар за лица со посебни потреби и основните
училишта „Христијан Карпош“, „Кочо Рацин“ и „11 Октомври“. Петгодишната соработка
меѓу нив се темели на многубројни заеднички хуманитарни активности.

-Претходно во пролет секоја година, веќе пет години по
ред правиме украсување на велигденски јајца од страна на дневниот центар, а
украсите обично ги прават децата од основните училишта, потоа ги продаваме на
плоштадот. Дел од средставата соберени од таа акција ги донираме…

Read More

Општината презема мерки за почист воздух

Општината презема мерки за почист воздух

„Општина Куманово презема повеќе краткорочни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето. Лани засадивме околу 10.000 садници, гасифицкацијата се шири, и први ја започнавме аеросолизацијата во државата. Но, за го надминеме проблемот со загадување и Куманово да стане зелен град, не се доволни две-три години, тоа е долгогодишен процес“, истакна на последната седница на Советот на Општина Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски, одговарајќи на советничко прашање.

Имено
советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невена Величковска праша дали се работи на
програмата…

Read More

Кумановци уживаа во претстава „Љубоф“ на хрватската екипа

Кумановци уживаа во претстава „Љубоф“ на хрватската екипа

На втората вечер од фестивалот „Денови на комедија“ синоќа во Центарот за култура беше изведена претставата „Љубоф“, на Градско казалиште „Јоза Ивакиќ“ Винковци и ХК Печух од Хрватска. Станува збор за претстава по текстот на Мареј Шизгал, а под режисерска палка на Горан Рибариќ. Во „Љубоф“ играат Матеа Марушиќ,  Дориан Паулиќ и Владимир Андриќ. Претставата зборува за три лика, кои ги откриваат своите интелектуални, сексуални и психолошки фрустрации на духовит начин. Дејството се случува на…

Read More

Отворен фестивалот „Денови на комедија“

Отворен фестивалот „Денови на комедија“

Со претставата „Странци“ во изведба на Драмски театар Скопје, синоќа во Центарот  за култура „Трајко Прокопиев“ се отвори  22- от Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија 2019“.  На годинешнава манифестација ќе учествуваат 12  комедии,  на театри од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија и Албанија. Љубителите на театарската уметност синоќа имаа можност да ја проследат и стендап комедијата на Весна Петрушевска, а Центрот за култура наградата за долгогодишно уметничко творење му ја додели на актерот Илија Струмениковски,…

Read More

Пуштено во употреба второто детско катче во „Перо Чичо“

Пуштено во употреба второто детско катче во „Перо Чичо“

Во населбата
„Перо Чичо“,
поточно во дворот на основото училиште „Христијан Карпош“ вчера беше пуштено во употреба и второто детско катче, проект на општинската
организација на СДСМ Куманово. На теренот се поставени детски реквизити,
лулашки, клацкалки и клупи. Планирано е да се изградат вкупно 15 детски
игралишта во различни делови на градот. Средствата ги обезбедиле членовите на партијата. Претседателот на општинската
организација на СДСМ, Мартин Костовски посочи дека викендов ќе се пушти
во употреба и третото катче во населбата Гоце Делчев.

-Идејата…

Read More

СДСМ: Ги исполнуваме ветувањата!

СДСМ: Ги исполнуваме ветувањата!

Општинската организација на СДСМ од Куманово денеска
одржа прес-конференција за укинување на квотите за лекови на рецепт. Според
портпаролката на СДСМ Куманово, Катерина Пешиќ- Бошковска граѓаните сега можат
да го подигнат потребниот лек од која било аптека, кој било ден во месецот, без
страв од недостиг на лекови.

-Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го
решаваме деценискиот проблем со недостиг на лекови, турканиците кај матичните
лекари и во аптеките на почетокот на секој месец. Со оваа мерка, истовремено се
зголемува…

Read More

Презентирани резултати од проект за интернет насилство

Дневниот центар за лица со интелектуална попречeност
„Порака наша“  деновиве ги презентираше
резултатите од реализираниот проект 
„Едукативна подршка на лица со интелектуална попреченост –жртви на
интернет насилство и криминал“ . Во текот на имплементацијата на проектот
издадена е Публикација, направена е дата база со правила за безбедност,
материјали за едукатори/наставници, материјали за лица со интелектуална
попреченост и Водич за полицијата, информира координаторот на проектот Фросина
Симоновска, дефектолог во „Порака наша“

– Публикацијата која што е издадена и е индикатор дека и
лицата со интелектуална…

Read More

Слаб интерес за набавка на пчелни матици

Слаб интерес за набавка на пчелни матици

Само неколкумина регистрирани земјоделци од кумановско кои што се сертифицирани за продажба на педигрирани матици аплицирале за набавка на пчелни матици на јавниот повик кој што беше отворен еден месец, а заврши денеска, информира раковoдителот на подрачното одделение на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството Џабир Рамадани.

-Се појавија неколку земјоделци, до 10.000 евра се
прифаќа инвестиција со 50 проценти кофинансирање од државата. Имајќи предвид
дека во Куманово и кумановско бројот на пчелари е доста голем…

Read More
1 646 647 648 649 650 878