Заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија утре (23.03.2023 година) од 08 до 10 часот без снабдување ќе останат населени места во Ајдучка чешма.
Исто така, утре без струја во периодот од 08.35 до 11.30 часот ќе бидат населените места:наплатна станица Романовце, с. Брзак, с. Агино Село и Романовце.
Утре во периодот од 08 до 09.30 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците на ул.Пчињска.
Локално
Одржан Општински натпревар по англиски јазик во ООУ „ Христијан Карпош“
Во ООУ „Христијан Карпош“ изминатата сабота се одржа Општински натпревар по англиски јазик на ЕЛТАМ МК. На натпреварот учествуваа 125 основци и 31 средношколец од регионот Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце. Локални координатори за овој регион се професорката Милена Петковска од ООУ „Толи Зордумис“ и професорката Билјана Петровска од училиштето -домаќин на овој натпревар.
На натпреварот учениците од ООУ „Толи Зордумис“ и ги постигнаа следните резултати:
Бленд Алији, V4, освои 91 поен и…
Read MoreВИДЕО: Сточарите од Љубодраг утре на средба со претставници на АХВ
Сточарите од Љубодраг и денеска два часа го блокираа регионалниот пат Куманово – Скопје, незадоволни од одлуката за уништување на свињите донесена од инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, откако пред шест месеци беше откриен случај на африканска чума во селото.
Претседателот на месната заедница Бобан Лазиќ информира дека на нивна иницијатива утревечер во 18 часот во кружната сала на поранешен комитет ќе се сретнат со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство и…
ВИДЕО: Промовиран проект на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“
„Соработка во визуелните уметности за промовирање на регионалниот културен идентитет“ е насловен проектот на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ промовиран денеска на прес-конференција во ресторан Грација. Партнер на проектот е Народно читалиште „Димитар Благоев 1925 “ од Добриниште, Република Бугарија.
Основна цел е развој на туризмот, а специфичната цел е промовирање на соработка меѓу регионалните актери во областа на одржливиот туризам.
Проектот во наредниот период ќе биде имплементиран преку повеќе активности, работилници во Банско и во…
Куче скитник нападнало малолетник
Четириесет и тригодишна кумановка во кумановската полиција вчера пријавила дека на булеварот „Октомвриска револуција“, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, инфрормираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Read MoreКумановец нападнат од две лица на „Доне Божинов“
Четириесетгодишен кумановец вчера околу 23 часот во кумановската полиција пријавил дека на улицата Доне Божинов бил нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.
Read MoreДимитриевски:Ќе понудиме реално остварливи политики
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во гостување во емисија на национална телевизија информираше дека во тек е формирањето на граѓанското движење и верува дека на следните избори ќе ја добие поддршката од граѓаните.
„Во тек е формирањето на граѓанското движење, очекуваме во септември, октомври тоа да се случи во Скопје и ќе ги повикаме сите граѓани. Тоа ќе биде граѓанска иницијатива/движење коешто досега не било вообичаено, ќе биде од граѓаните за граѓаните и верувам дека…
ВИДЕО: Жители на Шупли Камен оставени без леб
Жители на село Шупли Камен десетина дена се оставени без леб. Пекарниците кои досега им доставувале леб, одлучиле да запрат со испорака тврдејќи дека им е неисплатливо да ја вршат и доставата по замрзнувањето на цената на 33 денари.
Read MoreРаботилница за Психо-социјална поддршка при кризни состојби
Општинската организација на Црвен крст Куманово во соработка со Дивна Јанкова- обучен тренер за Прва психолошка помош и Психо – социјална поддршка во рамки на проектот Конекс Балкан, спроведе работилница на тема Справување со стрес.
Истата се одржа во просториите на Црвен крст во Куманово каде учествуваа 17 лица кои во моментот ја посетуваат обуката за асистенти на лица со попреченост. Учесниците за време на работилницата слушнаа за најчестите реакции на стрес, кои се најчестите механизми…
ВИДЕО: Три менувачници работеле спротивно на Законот за девизно работење
Во заедничка контрола на полицијата и пазарните инспектори на лица кои вршат дејност од областа на девизно работење на подрачјето на СВР Куманово викендов биле констатирани неправилности.
Притоа, како што информираат од полицијата, приведени се неколку лица, а запленета е поголема сума на девизи.
-На 18.03.2023 во периодот од 10.00 часот до 14.00 часот од страна на полициски службеници од ОКП-ОЕК при СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршена е контрола на правни…